Врховниот суд на Индија почна да ја разгледува жалбата на владината одлука да го укине специјалниот статус на индискиот дел на Кашмир и побара од Владата да ја образложи својата позиција пред судиите
Индонезиските владини сили денеска отворија оган врз демонстранти во Папуа, при се убиени шест луѓе додека се обидувале да се пробијат во седиштето на локалната влада во областа Даиваи, соопштија медиумите повикувајќи се на портпарол на сепаратистичката група
Колумбиската полиција заплени 300 килограми канабис во мртовечки сандак во подрачјето Сантандер
Тропската бура Доријан се приближува кон Порторико и се заканува дека на својот пат кон американското тло ќе се претвори во ураган
Поранешниот инженер на Гугл, Ентони Левандовски е обвинет за кражба на технологијата на самоуправувачки автомобили од таа компанија, пред да се придружи во обидите на компанијата Убер да се вклучи во трката за развивање на роботизирани возила
Овогодинешниот Самит на Г-7 во Бијариц ќе остане запаметен по изненадната посета на иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф и ветената помош од 20 милиони долари за борба против пожарите во Амазонија, но што се однесува до светската економија, мали ветувања можеа да се слушнат од лидерите на најразвиените индустриски земји
Британскиот преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост, денеска е во посета на Брисел каде ќе се сретне со тимот задолжен за преговорите, но повеќе детали не се соопштуваат
Второ судење за корупција на поранешниот премиер на Малезија, Наџиб Разак почна денеска во Куала Лумпур, а обвинителот тврди дека Разак украл една милијарда долари од државниот инвестициски фонд 1МДБ преку „разработена шема“, а потоа се обидел да ги прикрие трагите
Талибанците нападнаа контролен пункт во авганистанската провинција Херат, при што се убиени најмалку 14 провладини борци, изјави денеска авганистански официјален претставник
Европската Комисија подготвува предлог за забрана на супстанцата хлорпирифос која се користи во одредени пестициди, потврди портпаролката Анка Падурару