Второ судење за корупција на поранешниот премиер на Малезија, Наџиб Разак почна денеска во Куала Лумпур, а обвинителот тврди дека Разак украл една милијарда долари од државниот инвестициски фонд 1МДБ преку „разработена шема“, а потоа се обидел да ги прикрие трагите.

Главниот обвинител истакна дека ќе покаже како Разак ги пренасочувал парите од фондот на свои сметки, користејќи „заобиколни патишта“, вклучувајќи и наводна донација за саудискиот принц, со цел да се спречи откривање на изворот на парите.

Исто така, обвинителството тврди дека ќе покаже како пребегнатиот финансиер Лоу Тек Џо бил „алтер его“ на Разак и дека тие двајца дејствувале како една личност.

Разак е обвинет според 42 точки за корупција во врска со скандалот во фондот 1МДБ, кој го чинеше пораз на изборите минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2019 10:58