Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска изјави дека „постојат цели европски градови, како Манчестер, Лондон, Ротердам, Брисел и Келн, во кои директно се спроведува исламски закон“.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска рече дека една од најголемите грешки во мандатот му била што го послушал тогашниот британски премиер Дејвид Камерон, ЕУ да не се меша во кампањата за референдумот за излез на Велика Британија од Унијата.
Американските власти на Малезија и ја вратија првата транша во вредност од 57 милиони долари – од вкупно 200, кои од таа земја се извлечени при корупцискиот скандал Фонд за јавен развој на Малезија. Првоосомничен за тој скандал е поранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак.
Сите осомничени што учествувале во заговорот или биле директно поврзани со нападите во Шри Ланка на Велигден, се или уапсени или загинати, изјави вршителот на должност началник на полицијата Чандана Бикрамаратн.
ЕУ упати критики за одлуката на Врховната изборна комисија на Турција да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и да организира ново гласање на 23 јуни.
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска изјави дека одлуката за анулирање на резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул не е транспарентна и не може да се разбере.
Папата Франциск со посетата на Република Северна Македонија и на Бугарија сака да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат сиромашните и бегалците, објави Би-Би-Си на српски јазик.
Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата.
Силен земјотрес со интензитет од 7,2 по Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Папуа Нова Гвинеја, но нема опасност од цунами.
Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп.