Тројца австралиски сунитски муслимани, кои подметнаа пожар во шиитска џамија во Мелбурн, во напад инспириран од Исламска држава, се осудени на долгодишни затворски казни, јави ДПА
Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Кина е подготвена да влезе во војна доколку „има луѓе кои ќе се обидат да го одвојат Тајван од земјата“, обвинувајќи ги САД за поткопување на глобалната стабилност и осудувајќи ја продажбата на американско оружје на островот што Пекинг со смета за своја територија
Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со републикански сенатори за можни санкции против Турција поради купувањето на руските ракетни системи Ц-400, објави ТАСС повикувајќи се на Белата куќа
Новиот британски премиер Борис Џонсон, кој денеска од кралицата Елизабета Втора треба да добие мандат за таа функција, му понудил на досегашниот шеф на дипломатијата Џереми Хант да биде министер за одбрана во новата влада
Полицијата во Москва уште еднаш го уапсила опозиционерот и основач на Фондот за борба со корупцијата, Алексеј Навални
Казимир Албин, последниот преживеан од првиот конвој испратен во логорот Аушвиц во јуни 1940 година, почина на 96-годишна возраст во Варшава
Најмалку 25 лица се повредени во Турција кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка излетал од пат и се превртел
Јужнокорејското Министерство за одбрана ги отфрли повторните територијални аспирации на Јапонија над островот Докдо, по инцидентот кога руски воен авион влезе во нејзин воздушен простор во близина на островот во Источното Море
И покрај санкциите и другите преземни мерки, во обид да се спречат нивните активности пред изборите во САД во 2020 година, Русите се решени да продолжат да се мешаат во американските избори, изјави директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ) Кристофер Реј, цитиран од британските медиуми
Дојче Банк денеска информира дека во вториот квартал од годината забележала нето загуба од 3,1 милијарди евра (3,5 милијарди долари), и тоа само неколку недели откако соопшти ќе следат драстични кастрења на работни места во банката во обидот да се врати на позитивните патеки, јави ДПА