Русија и Турција разговараат за можноста од заедничко производство на некои компоненти на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 во Турција, го пренесува ТАСС, Сергеј Чемезов, шеф на руската државна компанија „Ростех“
Повеќе од половина сојузни држави во Венецуела останаа беа струја, информираат невладини организации и социјални мрежи, а властите за тоа обвинија „електромагнетски напад“
Околу 160.000 членови на британската владеачка Конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен
Во данскиот главен град Копенхаген деновиве се одржува традиционалниот Конгрес на дедо-мразовци, на кој годинава присуствуваат 150 претставници од целиот свет
Новата министерка за одбрана на Германија и наследничка на канцеларката Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер, позната и како АКК, увери дека земјата ќе го исполни барањето на НАТО да троши по два проценти од БДП за одбрана до 2024 година, пишува „Њу Јуроп“ (New Europe) чие седиште е во Брисел
Индија демантира дека премиерот Наренда Моди побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во долгогодишниот конфликт со Пакистан за Кашмир, пишува Си-Ен-Ен
Американскиот државен секретар Мајк Помпео јасно порача дека Велиа Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, пишуав европската редакција на Политико
Во Парламентот на Шпанија почна дебата за формирање нова влада и ако Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез не добие поддршка од 176 од вкупно 350 пратеници, ќе се одржи нов круг во кој ќе може да биде избрана и со помалку гласови, ако некои партии бидат воздржани
Американската Влада донела одлука со која експресно го забрзува процесот на депортација на емигрантите без потребни документи и на тој начин ќе ги заобиколува судовите
Повеќе од илјада пожарникари веќе трет ден се борат со пожарите во централниот дел на Португалија во кои досега се повредени најмалку 39 лица