Повеќе од дванаесет британски министри планираат веднаш да поднесат оставка ако Борис Џонсон стане премиер следната недела, пишува весникот „Сан“
Седумнаесет луѓе се повредени, од кои некои потешко, при судир на два автомобила кои влетале во групата гледачи на собирот на еден авто клуб во англискиот град Стивениџ
Кремљ отвори можност за промена на рускиот Устав откако е предложено јакнење на моќта на Парламентот, што е чекор кој би можел да ја прошири власта на претседателот Владимир Путин, пренесува српски „Блиц“
Најмалку шест лица загинаа, а 27 се повредени во експлозија што денеска избувна пред влезот на универзитет во главниот град на Авганистан, Кабул
Во силна експлозија на гас во Крајстчрч, каде што пред четири месеци имаше смртоносни напади во две џамии, повредени се шест лица, а десетици жители се евакуирани од своите домови
Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда
Седум лица се водат за исчезнати по поројните дождови што ја зафатија северозападна Турција во последните денови
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американски разорувач соборил еден ирански дрон во Ормутскиот Теснец меѓу Оман и Иран, кој го спојува Персискиот со Оманскиот Залив
Претседателите на Србија и на Франција, Александар Вучиќ и Емануел Макрон, усвоија заедничка изјава за време на посетата на Макрон на Србија
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ја повлече жалбата на неговата затворска казна во траење од 50 недели поради кршење на условите за привремено пуштање на слобода во Велика Британија