Кремљ отвори можност за промена на рускиот Устав откако е предложено јакнење на моќта на Парламентот, што е чекор кој би можел да ја прошири власта на претседателот Владимир Путин, пренесува српски „Блиц“.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков рече дека идејата за уставни амандмани, вклучувајќи и давање глас на Парламентот во формирање влада, наишла на широка реакција и е нешто за што треба да се дискутира.

Путин во 2024 година мора да си замине од претседателската функција за да избегне кршење на уставната одредба со која се забрануваат повеќе од два мандати по ред. Иако тој претходно исклучи промена на Уставот за да остане претседател, неговите советници испитуваат начини кои ефективно би го продолжиле неговото останување на власт, кое веќе е подолго и од Јосиф Сталин.

– Кремљ разгледува промени на електоралниот систем за да се обезбеди Долниот дом на Парламентот на изборите во 2021, по падот на популарноста на владејачката Единствена Русија, тврдат извори запознаени со подготовките, пишува „Москов тајмс“.

Според весникот, „цврст стисок на законодавното тело, државната Дума, на Путин би му дал широк простор за маневрирање“.

– Тоа би можело да му овозможи да менува улоги за да остане во власта како лидер на владејачка партија и премиер со проширени уставни овластувања, на трошок на претседателствување, велат два извори блиски до Кремљ.

Претседателот на Думата Вјачеслав Володин вчера изјави дека Русија мора да го исправи „недостигот неопходен баланс меѓу работата на законодавните и извршните тела“.

– Тоа во најмала рака значи на законодавците да им се дозволи да учествуваат во изборот на министри во владата, а за тоа ќе требаат уставни промени, рече Володин, додавајќи дека то се однесува само на помали „конкретни“ промени.

Моментално, рускиот Парламент гласа за да го одобри премиерот и владиниот тим кој тој го избрал. Иако провладините членови на Парламентот воглавно ја поддржуваат идејата, шефот на комисијата за човекови права на Кремљ Михаил Федотов рече дека е против каква било промена на Уставот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2019 10:28