Полицијата во Пакистан уапси стотици политички активисти во рамки на острите мерки кои се преземаат пред протестите што ги планираа опозициските групи една година по националните избори кои ги одбележаа обвинувања за манипулација
Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, синоќа изјави дека ќе поднесе оставка следната недела
Авион на азербејџанското воено воздухопловство МИГ-29 синоќа се урнал во Каспиското Море, а пилотот се води како исчезнат, соопшти денеска азербејџанската армија
Астон Мартин најави дека годинава очекува пониска продажба отколку што се планирало, поради светската побарувачка, како и поради Брегзит. Поради тоа, цените на акциите во компанијата паднаа за нешто над 20 отсто
На дното на Балтичкото Море, недалеку од брегот на Шведска, истражувачи пронашле остатоци од брод стар околу 500 години, што се уште е во доста добра состојба
Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на три резолуции на Конгресот чија цел е да ја блокираат неговата администрација на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да им продаде оружје вредно милијарди долари
Тунискиот претседател Бежи Каид Есебси е примен во воената болница во главниот град, трет пат во последните неколку недели, јавија медиумите во оваа земја
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека никакви прикриени, ниту отворени закани со санкции, не можат да ја одвратат Турција од нејзината борба за вистината и легитимните интереси на нејзиниот народ, јави агенцијата Анадолија
Предлогот на новиот британски премиер Борис Џонсон спогодбата за Брегзит со ЕУ да може да биде целосно редефинирана во текот на следните неколку месеци е далеку од реалноста, изјави претседателот на ирската Влада, Лео Варадкар
Горниот дом на чешкиот Парламент изгласа да се покрене обвинение против претседателот Милош Земан поради наводно кршење на Уставот