Британија испрати свој посредник во Иран за да преговара за ослободување на нафтениот танкер кој пловел под британско знаме, соопшти Мохамад Мохамади-Голпајегани, шеф на кабинетот на иранскиот врховен лидер, пренесува полуофицијалниот ирански информативен портал Тасним
Најмалку 20 луѓе згинале од удари на гром за време на навреме со обилни дождови во источна Индија
Силен топлотен бран вчера ја погоди северозападна Европа што го зголеми стравот од уште поголема суша, а во францускиот град Бордо била измерена рекордна температура од 41,2 степени Целзиусови
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се закани дека Турција ќе се откаже од Договорот за реадмисија со ЕУ се додека европскиот блок не го исполни своето ветување за безвизен режим на турските државјани
Тројца австралиски сунитски муслимани, кои подметнаа пожар во шиитска џамија во Мелбурн, во напад инспириран од Исламска држава, се осудени на долгодишни затворски казни, јави ДПА
Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Кина е подготвена да влезе во војна доколку „има луѓе кои ќе се обидат да го одвојат Тајван од земјата“, обвинувајќи ги САД за поткопување на глобалната стабилност и осудувајќи ја продажбата на американско оружје на островот што Пекинг со смета за своја територија
Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со републикански сенатори за можни санкции против Турција поради купувањето на руските ракетни системи Ц-400, објави ТАСС повикувајќи се на Белата куќа
Новиот британски премиер Борис Џонсон, кој денеска од кралицата Елизабета Втора треба да добие мандат за таа функција, му понудил на досегашниот шеф на дипломатијата Џереми Хант да биде министер за одбрана во новата влада
Полицијата во Москва уште еднаш го уапсила опозиционерот и основач на Фондот за борба со корупцијата, Алексеј Навални
Казимир Албин, последниот преживеан од првиот конвој испратен во логорот Аушвиц во јуни 1940 година, почина на 96-годишна возраст во Варшава