Проширувањето претставува стратешка инвестиција за иднината на Европската Унија, стои во програмата на финското претседателство кое започна на први јули
Иран денеска ја повика Велика Британија веднаш да го ослободи иранскиот танкер со нафта кој Британската кралска морнарица го заплени минатата недела поради сомнеж дека ги прекршил европските санкции, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави
Доколку стане премиер на Обединетото кралство Борис Џонсон ветува дека ќе ги штити британските дипломати низ светот и дека ќе има цврст однос кон американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа британските медиуми
На Германија ѝ е потребен ополномоштеник за борба против омразата кон муслиманите, изјави претседавачот со Централниот совет на муслимани во Германија, Ајман Мазјек за весникот Ноје оснабрикер цајтунг
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вчера соопшти дека својот син Едуардо го предложил за амбасадор во САД, пренесоа светските агенции
На Велика Британија може да и се даде уште еден рок, што значи дека Брегзитот може да биде одложен и по трет пат, изјави Урсула фон дер Лајен, кандидатот за нов претседател на Европската комисија, пишува денеска весникот „New Europe“
Бројот на жртвите од железничката несреќа во Пакистан се зголеми на 23, откако во текот на ноќта во оштетените вагони беа пронајдени повеќе тела, соопштија официјални претставници, наведе ДПА
Тропската бура која се формира над Мексиканскиот Залив би можела да прерасне во ураган и да го погоди Њу Орлеанс кој е веќе поплавен
Владеачкиот Воен совет на Судан соопшти дека е спречен обид за државен удар во земјата
Синоќа заврши новата рунда разговори меѓу венецуелските власти и опозицијата, со најава дека разговорите ќе продолжат