Повеќе од 20 лица, вклучувајќи и бремени жени и деца, се убиени во неодамнешните племенски судири во Папуа Нова Гвинеја, пренесуваат локалните медиуми
Чилеанската полиција во градот Виња дел Мар заплени над сто килограми кокаин на брод на кој имало петмина морнари од Црна Гора, објавија дел од црногорските медиуми
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа, истакнувајќи дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година
Апсењето на американскиот милијардер Џефри Епстин поради обвиненија за проституција и злоставување малолетни лица, ја разбранува јавноста во САД, пред се поради врските на милијардерот од Њујорк со високо поставени лица како принцот Ендрју од Велика Британија и американските претседатели, поранешниот Бил Клинтон и актуелниот Доналд Трамп
Француската телевизијата Канал плус специјализирана за филмови и спортски настани најави намалување на бројот на вработените „на доброволна основа“, што може да доведе до заминување до 492 лица
Министрите за финансии денеска ја поддржаа номинацијата на Кристин Лагард на чело на Европската Централна Банка (ЕЦБ), како што предложија лидерите на Европската Унија пред една недела
Најмалку 22 припадници на безбедносните сили и цивили се убиени во два одделни инцидента во северните авганистански провинции Кундуз и Баглан, денеска соопштија официјалните претставници
Велика Британија ќе издвои 18 милиони фунти во следните три години за борба против ширење дезинформации и лажни вести во источна Европа, како и за јакнење на независните медиуми во Западен Балкан
Во Вашингтон е прогласена вонредна состојба заради силните поплави, предивикани од поројните дождови
Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика САД да го откажат проектот за продажба на оружје во вредност од 2,2 милијарди долари за Тајван