Повеќе од 30 пратеници на владеачката Конзервативна партија се подготвени да гласаат за блокирање на евентуалното излегување на Велика Британија од Европската унија без спогодба, пишува британскиот конзервативен весник „Телеграф“, додавајќи дека тоа се случува додека двете спротивставени групи се подговуваат за разврска во британскиот Парламент
Гасеници-напаѓачи со токсични влакна предизвикаа паника во некои делови на Германија, што доведе до затворање на базени, ресторани, јавни паркови и делови од автопатишта
Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо вчера соопшти дека ќе се обнови дијалогот со Владата на претседателот Николас Мадуро. Дијалогот се враќа на преговарачката маса во Барбадос, со посредничка улога на Норвешка, но не се прецизира кога, јавија западните агенции
Папата Франциско повика денеска да се организраат хуманитарни коридори за да им се укаже помош на мигрантите откако неодамна беше извршено бомбардирање во Либија
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 8 и 9 јули ќе престојува во посета на Сараево, по повод Самитот на Процесот за соработка во Југоситочна Европа (SEECP), со кој претседава Босна и Херцеговина,јави Анадолија
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека сите преземени мерки од страна на Teхеран може да се повлечат доколку европските потписнички на договорот ги исполнат своите обврски, додека францускиот претседател Емануел Maкрон ја осуди денешната одлука за зголемување на нивото на збогатување ураниум
Израелскиот министер за енергетика Јувал Стајниц го нарече денеска „умерено“ објавеното иранско збогатување ураниум, но исто така го обвини Иран за повлекување од меѓународно договорените ограничувања за нуклеарните проекти
Иако во Франција нема рекордни рекордни температури како во последните денови од јуни, забраната со која автомобилите големи загадувачи протерани од Париз за време на топлотниот бран ќе остане во сила како дел од новите мерки за борба со смогот
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп е неспособна и дисфункционална, смета британскиот амбасадор во Вашингтон, Ким Дарок. Тоа се наведува во дипломатски документи до кои дојде весникот Мејл он сандеј
САД испратиле порака до Иран, откако беше соборен дрон во реонот на Персискиот залив минатиот месец, со предупредување дека ќе нанесат „ограничен удар“ врз државата, изјави денеска шефот на иранската Цивилна заштита