Русија е заинтересирана за обнова на целосните односи со Европската унија во името на поддршка на мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот заеднички континент, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Кориере дела сера
Австралискиот студент Алек Сигли, кој исчезна во Северна Кореја, беше ослободен од притвор и безбедно ја напушти земјата, соопшти денеска австралискиот премиер Скот Морисон
Ако незаконските мигранти не се задоволни со условите во центрите за престој во САД треба да им се каже да не доаѓаат тука, нагласи американскиот претседател Доналд Трамп
Најмалку 26 лица загинаа откако рибарски брод се преврте во Атлантскиот Океан во близина на Хондурас, соопшти портпаролот на армијата на таа земја, Хозе Домино Меза
Земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди северозападниот дел на канадскиот остров Ванкувер во Тихиот Океан
Во пресрет на парадата за Денот на независноста на САД – 4. јули, во која ќе бидат вклучени воени возила, американската армија ги повика граѓаните на Вашингтон „да не паничат” ако видат тенкови на улиците
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да биде „внимателен со заканите“ откако иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека Техеран ќе го зголеми збогатувањето со ураниум над дозволената граница од нуклеарниот договор во 2015 година
Перу ги покани Кина, Русија, Куба, Боливија, Турција и десетици други земји во Лима за да разговараат за политичката криза во Венецуела на 6-ти август, рече перуанскиот министер за надворешни работи, Нестор Пополисио
Советот за безбедност на Обединетите нации одржа итна седница за Либија зад затворени врати, но диплимати велат дека САД спречиле ова тело на ОН да издаде соопштение во кое го осудува воздушниот напад на мигрантскиот центар во Либија, во кој загинаа 44, а повредени се повеќе од 130 мигранти
Италијанскиот премиер Џузепе Конте не гледа противречност меѓу националните интереси на Италија и проектот за обединета Европа