Каталонскиот сепаратистички лидер Карлес Пучдемон не доби дозвола од Судот на ЕУ да заземе место на европратеник.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети „посебен“ Ден на независноста оваа година – на 4 Јули воени авиони и тенкови ќе учествуваат на парада во Вашингтон за националниот празник.
Министерот за нафта на Венецуела Мануел Квеведо, кој моментално претседава со Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), остро го осуди американското ембарго наметнато против неговата земја.
Политиката на максимален притисок врз Иран ќе продолжи се додека Техеран не го промени своите насоки и не престане со збогатување ураниум, соопшти Белата куќа.
Пушачите во Шведска повеќе не смеат да палат цигара пред пабовите, согласно новиот закон за тутун донесен денеска, а се однесува на пушење на јавни места.
Компанијата „Фејсбук“ синоќа ги евакуираше вработените од четири нејзини згради поради сомневање дека двајца нивни колеги биле изложени на нервниот гас сарин, кој бил спакуван во поштенска пратка упатена до седиштето на компанијата во Силиконската долина.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган имаше работна вечера со јапонскиот премиер Шинзо Абе, јави агенцијата Анадолија.
Состанокот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг се одрази врз пазарите во Европа и Азија, јави Гласот на Америка.
Во Лондон владее паника поради четири убиства со нож за само 28 часа, јавија локалните медиуми, додека градоначалникот Садик Кан изјави дека полицијата интензивно работи на расветлување на бранот насилство што го зафати градот
Московски суд денеска го осуди рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на 10 дена затвор прогласувајќи го виновен за кршење на закон за време на учеството во уличните демонстрации минатиот месец