Во својата изјава Блинкен го потврди сојузништвото меѓу САД и Јужна Кореја, кое, како што рече, е засновано на „заеднички принципи на демократија и владеење на правото“.
Трамп допрва треба да состави голема работна група за да подготви мировен план. Изворите велат дека конечниот договор најверојатно ќе зависи од тоа што ќе одлучат Трамп, Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.
Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ким Јонг-хјун денеска и се извини на јавноста за предизвикување загриженост во врска со воведувањето на воена состојба и понуди оставка.
Белгиското јавно обвинителство започна истрага против поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку влади на Белгија, Дидие Рејндерс под сомнеж дека бил вклучен во перење пари преку игри на среќа.
Близу 100 „сомнителни инциденти“ во Европа годинава може да и се препишат на Русија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски при пристигнувањето на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.
На полската граница со руската енклава Калининград подигнат е ѕид од бетонски „змејски заби“, како дел од одбранбениот систем долг 800 километри, во кој Полска ќе инвестира најмалку 2,35 милијарди долари.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто вчера изјави дека меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и во Сирија.
Шест јужнокорејски опозициски партии поднесоа предлог-закон со кој се бара импичмент на претседателот Јун Сук Јеол, јави новинската агенција Јонхап.
Иднината на Западен Балкан е во Европска Унија, истакна синоќа претседателот на Европски совет, Антонио Кошта по неформалната вечера со лидерите на Западен Балкан.
Австралиската полиција денеска соопшти дека уништила околу 500 килограми кокаин запленети во 2020 година, откако се урнал авион за кој се верува дека ја превезувал дрогата од Папуа Нова Гвинеја, јави ДПА.