На САД им истекува времето за да формулираат нова стратегија со која би продолжиле нуклеарните преговори, изјави денеска генералниот директор на Дирекцијата за односи со САД при севернокорејското МНР, Квон Џонг-гун.
Минатата година тероризмот и понатаму претставуваше голема закана за безбедноста во земјите членки на ЕУ, се наведува во денеска објавениот извештај на Европол за состојбата и трендовите во Унијата во областа на тероризмот.
Тунискиот претседател Беџи Каид Есебеси денеска е префрлен во воената болница во главниот град Тунис поради акутни здравствени проблеми, соопшти Претседателската палата, без да наведе повеќе детали.
До 2030 година, повеќе од 120 милиони луѓе може да осиромашат поради суши, поплави и други природни феномени поврзани со климатските промени, се наведува во специјалниот извештај на Советот за човекови права при Обединетите нации.
Авион на Ер Индија, кој патуваше во САД, слета на аеродром во Лондон, поради закана од бомба, која беше лажна, изјави претставник на компанијата.
Земјотрес со јачина од 6,4 степени ги погоди денеска островите Кермадек во Пацификот, соопшти американскиот геолошки завод.
Земјите од ЕУ не се обврзани да ги прифаќаат бродовите со спасени мигранти, изјави денеска портпарол на Европската комисија.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред да отпатува синоќа на самитот на Г-20 во Осака, Јапонија, изјави дека нема намера да открие детали за што ќе разговара на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, што е предвидено да се одржи утре.
Две лица загинаа, а седуммина се повредени во несреќа при слетување на руски авион Антонов Ан-24 на регионалниот аеродром во руската република Бурјатија во Сибир, потврди руското Министерство за вонредни состојби.
Производителите на автомобили Фолксваген и Фиат Крајслер би можеле да се соочат со казни во висина од 1,83 милијарди евра, односно 746 милиони евра, ако не ги намалат емисиите на штетни гасови во согласност со поставените цели на Европската унија за 2021 година, пресметаа во консултантската компанија „Аликс Партнерс“.