Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера одобрил воздушни напади врз Иран, откако Техеран го соборил американско беспилотно летало, но ја отповикал операцијата откако започнале првичните чекори
Според најновите информации Техеран тврди дека иранската Револуционерна гарда на нишан имала американски авион во кој имало 35 луѓе, но се откажале од стрелање врз него
Претседателот на Парламентот на Грузија Иракил Кобакиѕе денеска поднесе оставка, еден ден по насилните протести околу зградата на Собранието, соопшти генералниот секретар на владејачката партија Грузиски сон Каха Калаѕе
Силна експлозија се случи утринава во рафинерија за нафта во Филаделфија, откако избувна пожарот во фабриката, а локалните медиуми објавија дека куќите се треселе во круг од неколку километри
Иранската државна телевизија денеска емитуваше снимка на која се гледаат остатоци, за што тврди, дека се од соборениот американски дрон.
Претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили ја нарече Русија „непријател и окупатор“, чија „петта колона“ е одговорна за насилните немири поради што постои опасност од поделба во таа поранешна советска земја.
Вкупно 39 полицајци и 30 демонстранти беа повредени доцна синоќа во Тбилиси по немирите што избија на протестот пред Парламентот, во кој зборуваше руски пратеник, соопштија денеска грузиските власти.
Портпаролот на иранскиот Врховен национален совет Кејван Косрави тврди дека САД не го предупредиле Техеран дека американскиот претседател Доналд Трамп подготвува напад.
Според предвидувањата на метеоролошките експерти вклучени во следење на промените во атмосферата, во наредниот период одредени градови во Европа буквално ќе вријат од топлина.
Неколку стотици луѓе денеска повторно протестираа во Хонг Конг барајќи оставка од премиерката Кери Лам.