Високи претставници на Иран, Франција, Германија, Велика Британија, Кина и Русија ќе се состанат на 28 јуни во Виена да разговараат за тоа како да го спасат нуклеарниот договор до 2015 година, соопшти ЕУ.
Демонстранти, испровоцирани од посетата на руски пратеник, синоќа се обидоа да упаднат во Парламентот на Грузија во Тбилиси, пробивајќи го полицискиот кордон и фрлајќи шишиња, на што полицијата одговори со употреба на солзавец.
Официјален Вашингтон им забрани на американските авиокомпании да прелетуваат преку воздушното пространство контролирано од Техеран над Персискиот Залив и Оманскиот Залив.
Германската канцеларка Ангела Меркел и британската премиерка Тереза Меј денеска апелираа до САД и Иран на воздржаност и деескалација.
Русија ги обвини САД дека намерно предизвикуваат опасни тензии со Иран и ја туркаат ситуацијата на раб од војна.
Неименувани претставници на иранските власти изјавија дека биле предупредени за американскиот напад. Тие тврдат дека американскиот претседател Доналд Трамп преку Оман ги предупредил иранските власти за претстојниот напад.
Испораката на руските противракетни системи С-400 во Турција ќе почне во првите 15 дена од следниот месец, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека ќе ја поддржи кандидатурата на германската канцеларка Ангела Меркел за претседател на Европската комисија, ако таа се кандидира. Тој тоа го рекол на брифинг по завршувањето на првиот ден од самитот на ЕУ, на кој лидерите не успеаја да се договорат кој да го замени Жан Клод Јункер на раководното место.
Американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад врз Иран поради соборување на американското беспилотно летало, но по неколку часа тој се повлече и го откажа нападот, пишува „Њујорк тајмс”.
Темни облаци се надвиснати деновиве над Брисел и секако и врз зградата „Европа“- седиштето на Советот на ЕУ каде што денеска попладне шефовите на држави и влади ќе се сретнат на редовен самит.