Тaа вчера објави извештај во кој утврдила дека не постои сигурен доказ за високите саудиски официјални лица, вклучувајќи го и принцот Мохамед бин Салман, кои се поединечно одговорни за убиството на Кашоги, се вели во соопштението на Меѓународниот институт за печат
Демократите во американскиот Конгрес синоќа потврдија дека ќе ја дадат на суд поранешната директорка за комуникации во Белата куќа, Хоуп Хикс, откако сослушувањето во Конгресот вчера помина неуспешно.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија нема да прави компромиси во своите темелни интереси со цел да издејствува ублажување на западните санкции.
Цената на златото пораснаа за време на тргувањето во Азија, откако американската Управа за федерални резерви (ФеД) дозволи понатамошно намалување на каматните стапки.
Цената на нафтата се зголеми за околу три отсто поради ескалација на тензиите на Блискиот Исток откако еден американски официјален претставник изјави дека иранската ракета соборила американски воен дрон.
Командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Хусеин Салами изјави дека соборувањето на американско беспилотно летало е јасна порака до САД, истакнувајќи оти границите на Иран се „црвена линија“.
Лидерите на Европската унија се собираат денеска и утре на средба во Брисел на која ќе се одлучува за наследникот на Жан Клод Јункер како претседател на Европската комисија. На средбата ќе се расправа и за тоа кој ќе ја предводи Европската централна банка и Европскиот совет.
Унгарски суд денеска правосилно осуди на доживотен затвор четири лица одговорни за смрт на 71 мигрант, чии тела беа пронајдени во камион, оставен на автопат во Австрија во август 2015 година.
Полицијата во Алабама, во јужниот дел на САД, виделе необична сцена на почетокот на неделата, при претрес на еден стан – верверица дрогирана со метамфетамин.
Мексико го ратификува новиот Договор за слободна трговија со Канада и СAД, станувајќи првата земја која даде зелено светло за тој договор и покрај неодамнешните тензии со Вашингтон.