Министерот за одбрана на Јужна Кореја Џеон Киеон – ду не прифати да го зголеми притисокот врз Северна Кореја поради ракетните тестови минатиот месец, се додека не се види точно за какви тестови се работи
Мејловите од адвокатите на одбраната, што ги собраа обвинителите во случајот со Едвард Галагер, американски специјалец обвинет за воени злосторства, не можат да се користат како доказ, бидејќи биле собрани без судски налог, изјави воениот судија одговорен за случајот, Арон Раг
Организацијата за исламска соработка (ОИС) соопшти дека нема да прифати ниту една одлука која ќе го промени правниот и демографскиот статус на сириската Голанска висорамнија, особено одлуката на САД да го признае суверенитетот на Израел над таа окупирана територија
САД нема повеќе да го игнорираат однесувањето на Кина во Азија, бидејќи стабилноста на тој регион е загрозена, во однос на прашањата за Јужно кинеското море и Тајван, рече американскиот секретар за одбрана, Патрик Шанахан
Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на официјалната посета на Велика Британија во понеделник, порача дека поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон бил „извонреден“ избор за нов лидер на Конзервативната партија, осносно нов премиер, по оставката на Тереза Меј
Најмалку 12 лица се убиени, а четворица ранети откако незадоволен работник во градската комунална служба пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич. Полицијата го убила напаѓачот, јавија светските агенции
Капетанот на крузерот кој учествуваше во судирот со туристички брод на реката Дунав во Будимпешта е уапсен денеска откако беше испрашуван во својство на сведок, соопшти унгарската полиција
Папата Франциско денеска се сретна со романскиот патријарх Даниел и со членовите на Синодот на Романската православна црква во патријаршијата во Букурешт
Соединетите американски држави и натаму се главен партнер на Германија, надвор од Европа, но за најважните прашања се уште има несогласувања, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во пресрет на средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Берлин
Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, се активира и почна да исфрла вжарена лава која тече во должина од неколку стотици метри, потврдија вулканолозите во Италија