За пет години, секој 751 пратеник ќе добие месечна плата од 8.750 евра. За пет години, ова е околу 525.000 евра бруто. На оваа плата им се наплаќаат европските даночни и осигурителни придонеси. Кога ќе се одземе, останува 6.800 евра месечно.
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека САД и Северна Кореја имаат взаемно „големо почитување“, и покрај застојот во преговорите за нуклеарната програма.
Водечкиот кандидат на Европската народна партија за функцијата претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, изјави дека ЕПП по европските избори, и покрај загубите, и понатаму останува најголема група во Европскиот парламент.
Двете најголеми групи во Европскиот парламент, Европската народна партија и Социјалдемократите, иако изгубија одреден број места, остануваат најбројни во ЕП, со значителен пораст на мандатите на Зелените и Либералдемократите, покажуваат најновите резултати од европските избори.
Познатиот економист Гитанас Науседа денеска, во вториот круг од претседателските избори во Литванија, ја победи поранешната министерка за финансии, Ингрид Симоните.
Министерството за надворешни работи на Иран ги отфрли наводите дека Техеран почнал преговори со САД.
Лидерот на групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Удо Булман, вечерва изјави дека Европската народна партија (ЕПП) ја изгубила политичката моќ на европските избори.
Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо победи на изборите за претставници на Европскиот парламент.
-Очекуваме да освоиме нови 30 до 40 места на овие избори и да формираме група од околу 100 пратеници, рече Ферхофстат.
Првите резултати од изборите во земјите-членки на ЕУ, ја донесоа првата проекција за можниот состав на новиот Европски парламент.