Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо победи на изборите за претставници на Европскиот парламент.
Според првичните проценки партијата на Орбан освои над 50 проценти од гласовите.
Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 13 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија.
Опозицијата пак доби 4 мандати, Движењето моментум освои 2 мандати додека Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по еден мандат.