Сириските бунтовнички групи денеска почнале противнапад со цел повторно да ја заземат територијата изгубена во нападот на владините сили изминатава недела во нивното упориште во северозападниот дел на земјата, соопштија државните медиуми и организации кои ја следат војната во Сирија
Американскиот државен секретар Мајк Помпео од 12 до 14 мај ќе престојува во Москва и Сочи на средби со рускиот државен врв, соопшти денеска Стејт департментот
Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска телефонски разговарал со неговиот француски колега Едуар Филип, соопшти прес службата на руската Влада
Регионалната милиција и силите на нигериската Влада денеска ослободиле речиси 900 деца кои ги користеле во војната против исламистичките бунтовници Боко Харам, соопшти УНИЦЕФ
Пред Меѓународниот суд за поморско право во Хамбург денеска почна дводневното сослушување за случајот со притворените украински морнари во Русија
Тајландскиот залив, кој по филмот „Плажа“ стана познат ширум светот, ќе остане затворен до 2021 година, бидејќи неговата флора и фауна се сериозно нарушени поради прекумерниот број посетители
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во интервју за полските медиуми, оцени дека има 30 отсто шанси Велика Британија да не ја напушти Европската Унија
Двајца француски војници денеска беа убиени за време на операцијата за спасување на четворица заложници во африканскиот регион Сахел, соопштија француските власти
Италија потврди дека пратеник од редовите на венецуелската опозиција, Америко де Грасија, се засолнил во Италијанската амбасада во Каракас
Марија Бутина, руска агентка осудена на 18 месеци затвор во САД бидејќи не се пријавила како агент на странска држава, изјави дека и било чест да и помогне на Русија