Италија потврди дека пратеник од редовите на венецуелската опозиција, Америко де Грасија, се засолнил во Италијанската амбасада во Каракас.

Претходно, Собранието му го укина имунитетот на Гарсија.

– Член на Националното собрание на Венецуела, кој има италијанско потекло, Америко де Грасија, беше примен во резиденцијата на италијанскиот амбасадор во Каракас, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи.

Министерството додаде дека против Де Грасија е поведена судска постапка.

– Амбасадата дејствува во целосна согласност со дипломатските конвенции, додава Министерството.

Де Грација и се заблагодари на Италија на Твитер, иако не кажа дека се засолнил во Италијанската амбасада.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 17:53