Обемот на емисиите на карбон диоксид од согорување на фосилни горива се намалил за 2,5 отсто во текот на 2018 во споредба со 2017 година, соопшти денеска Евростат.
Германската полиција уапси осум лица, со потекло од Балканот, под сомнение дека собирале пари за Исламската држава.
Најмалку 20 лица беа повредени денеска во судир меѓу воз и камион во Рендсбург во северниот дел на Германија.
Дури 6,2 милиони возрасни германски државјани не умеат да прочитаат и разберат текст напишан на германски јазик, се посочува во ново истражување на германското Министерство за образование. Германија има вкупно 82 милиони жители.
Европската Комисија предвидува дека веќе од оваа година ќе се забави економскиот раст во Европската Унија поради внатрешната и надворешната политичка и економска неизвесност.
Израел нема да му дозволи Иран да поседува нуклеарно оружје, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, откако Техеран објави дека ќе престане да се придржува кон одредени делови од нуклеарниот договор во 2015 година.
Франција, најверојатно, ќе врати и други сирачиња на француски џихадисти од североисточна Сирија, област под контрола на арапско-курдска коалиција, објави денеска француската министерка на армијата Флоранс Парли, јавува дописникот на МИА.
Француската министерка за одбрана Флоранс Парли денеска изјави дека би сакала да „го одржи жив“ нуклеарниот договор со Иран и во исто време ја предупреди земјата дека би можела да се соочи со дополнителни санкции доколку не ги почитува презсемените обврски.
Канцеларијата на Обединетите Нации за борба против тероризмот започна нова програма за да им помогне на земјите да го откријат и спречат движењето на странските борци кои се бореле во редовите на екстремистичките групи, како што се Исламска држава и Ал Каеда.
Европската Комисија му забележува на американскиот гигант Фејсбук дека ја попречува кампањата за изборите за Европскиот Парламент поради неговите нови правила за политичко рекламирање кои имаат за цел да ја заштитат ЕУ од малициозни надворешни влијанија, јавува дописничката на МИА од Брисел.