Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун синоќа тргна од Пјонгјанг кон Владивосток на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден, се очекува да го објави своео учество во трката за претседател на САД на изборите во 2020 година, јави „Ај-Би-Си Њуз“.
Изборната комисија на Египет соопшти вечерва дека гласачите на референдумот ги прифатиле уставните измени, кои можат да му овозможат на претседателот Абдел Фатах ал Сиси да остане на таа функција до 2030 година.
Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена изјави денеска дека планира смена на првите луѓе на одбранбените сили во земјата во следните 24 часа, бидејќи не успеале да ги спречат самоубиствените бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 300 лица, и покрај фактот што имале информации дека нападите ќе се случат.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наскоро ќе го претстави пред Владата неговиот предлог новата населба на Голанската Висорамнина да биде именувана по американскиот претседател Доналд Трамп во знак на благодарност што Белата куќа го призна суверенитетот на Израел врз таа територијата
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави пред министрите дека преговорите со опозициската Лабуристичка партија за постигнување напредок по прашањето за Брегзит се сериозни, но тешки во некои области, информира нејзиниот портпарол
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека прашањето за повторно соединување на Крим и Русија е завршено и оти никаков надворешен фактор не може да ја смени таквата ситуација
Вкупно 111 странци, кои нелегално ја преминале словенечко-хрватската граница изминатиот викенд, биле уапсени, покажуваат полициските извештаи на Новo Местo, Целје и Копер
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повика на формирање повеќе и поправедни социјални медиумски компании како одговор на дискриминацијата, која, како што рече, како републиканец ја чувствува од страна на компанијата Твитер
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите компании ги дадоа на суд демократите со цел анулирање на нивното судско барање до фирмата „Mazars USA“ да прикаже сметководствени документи од финансиските и даночните извештаи поврзани со неговиот бизнис, објави синоќа „Њујрок Тајмс“