Кандидатот за претседател на Гватемала Марио Амилкар Естрада Орелана (58) беше уапсен во Мајами, под сомнеж дека планирал да ги убие политичките ривали и да им дозволи на трговците со дрога да ги користат пристаништата и аеродромите во Гватемала
Според весникот „Ди Велт“, човекот им признал на обвинителите во текот на минатогодишната истрага дека гледал луѓе како ги водат во гасни комори за да ги егзекутираат.
Во сообраќајна несреќа на автобус, кој превезувал германски туристи на португалскиот остров Мадеира, загинаа 29 лица, а 27 се повредени, соопштија португалските власти
Израелскиот претседател Рувен Ривлин вчера му наложи на актуелниот премиер на Израел Бенјамин Нетанјаху да формира влада во рок од 42 дена, и по петти пат да ја преземе функцијата премиер.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, лично го набљудуваше лансирањето на оружје на Академијата за одбранбени науки.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе ја посети Русија до крајот на април, при што ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, еден ден откако опозицискиот кандидат ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул, денеска изјави дека неговата Партија на правдата и развојот ќе се бори се додека Високата Изборна комисија не донесе конечна одлука за изборите одржани на 31 март.
Во борбите во Триполи досега загинаа 205 луѓе, меѓу кои 18 цивили, а повредени се 913, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Иванка Трамп, виш советник и ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, одби работа во Светска банка, бидејќи е „задоволна со сегашната функција што ја има во администрацијата“.
Од 20 до 22 април Египѓаните со право на глас ќе можат да гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси, соопшти денеска Државната изборна комисија.