Израелскиот претседател Рувен Ривлин вчера му наложи на актуелниот премиер на Израел Бенјамин Нетанјаху да формира влада во рок од 42 дена, и по петти пат да ја преземе функцијата премиер.
Разговорите со претседателот на државата се чиста формалност, бидејќи владејачката партија Ликуд освои најголем број места во Парламентот, па затоа се очекуваше актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху да добие нов мандат.
Ривлин оваа недела разговараше со партијата Ликуд, а потоа и со претставници на другите 10 политички фракции за да ги слушне нивните препораки за идниот премиер.
Во следните недели, Нетанјаху ќе преговара со своите коалициски партнери за состав на кабинетот и поделбата на позиции.
Партијата Ликуд и нејзините сојузници во израелскиот парламент, Кнесет, освоија 65 пратенички мандати од вкупно 120 места во законодавниот дом.