Од денеска до 19 мај на еден милион избирачки места за новиот состав на Парламентот ќе гласаат 900 милиони Индијци, што е речиси седум проценти од светското население.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека е само прашање на време кога ќе започне операцијата на Армијата на Турција против силите на сириските Курди, источно од реката Еуфрат во северна Сирија, нагласувајќи дека „сирискиот огранок на ПКК ќе го добие заслуженото“.
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази загриженост во врска со почестата појава на говор на омраза што поттикнува ксенофобија, расна омраза, антисемитизам, исламофобија и нетолеранција, кои конкретно се насочени кон малцинствата, мигрантите, жените и припадниците ЛГБТИ заедницата, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвои Резолуција со која предлага нова заедничка постапка за мерки против земја членка што не ги почитува своите законски обврски или ги крши фундаменталните принципи и вредности на најстарата паневропска организација, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Пожар избувнал во непосредна близина на црквата Христос Спасителот во центарот на Москва кој брзо бил изгаснат, јавија локалните медиуми.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа во Советот за безбедност на ОН рече дека администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп е решена, пред се, со дипломатски и економски притисок, повторно да воспостави владеење на демократијата во Венецуела, но додаде и дека „сите опции се уште се на маса“.
Лидерите на ЕУ на синоќешниот вонреден Самит во Брисел постигнаа договор за одлагање на британското истапување од Унијата до 31 октомври, со дополнително разгледување на ваквата одлука на средбата на врвот во јуни, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Околу 900 милиони Индијци во следните 39 дена ќе гласаат за новиот состав на Парламентот. Изборите ќе се одвиваат во седум фази, а официјалните резултатити предвидено е да бидат објавени на 23 мај.
Во Брисел почна вонреден самит на лидерите на Европската унија, на кој се разговара за претстојното излегување на Велика Британија од таа организација.
Се поголем број Чеси сметаат дека во таа земја живеат премногу странци, покажа истражувањето на јавното мислење спроведено од ЦВВМ во март.