Американскиот потпретседател Мајк Пенс побара денеска од ОН да ги укине надлежностите на пратеникот на Владата на претседателот Николас Мадуро и да го признае Хуан Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела.
Германската канцеларка Ангела Меркел очекува едногласен договор на 27-те членки на ЕУ за барањето на Велика Британија за одложување на Брегзит
Родителите на деца родени во странство од сурогат мајка мора да бидат признати од Франција, но ова законско признавање може да се направи преку посвојување што се однесува за наменетата мајка, потврди денеска Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП)
Синот на убиениот новинар на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги вели оти немало разговори за порамнување и сугерира дека финансискиот надоместок на семејството не претставува признавање на вината од страна на саудиските власти
Американскиот производител на авиони Боинг забележа голем пад на нарачките и испораките во првиот квартал, а тие за 737 МАКС се сведени на нула по двете катастрофални авионски несреќи и повлекувањето на тој тип авиони од сообраќај во целиот свет
Јапонскиот цар Акихито (80) и царицата Мишико денеска прославуваат 60 години брак и тоа само три недели пред најавеното абдицирање
ДНК-анализата покажа дека херојот на Американската војна за независност Казимир Пуласки бил жена или интерсексуална личност по раѓање, според документарниот филм, емитуван во понеделникот
Властите на во Малта во еден контејнер откриеле и заплениле 27 килограми кокаин
Со средбата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и кинескиот премиер Ли Кечијанг заврши работната посета на кинеската делегација на Загреб
Кандидатот на претседателските избори во Украина, комичарот Володимир Зеленски, емитуваше нова видео порака, како одговор на повеќе од 2.000 билборди кои го прикажуваат актуелниот претседател Петро Порошенко лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин