Научниците кои учествуваат во проектот „Event Horizon Teleskope“ ги објавија првите фотографии од црна дупка, која се наоѓа во оддалечена галаксија
Франција и Италија имаат различни политички ставови за ситуацијата во Либија и покрај официјалната позиција на Европската унија, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани
Институциите на ЕУ мора да продолжат да функционираат непречено, Велика Британија да учествува на евроизборите во мај и подготвеност на Лондон за „конструктивно учество“ во носењето одлуки се условите на германската канцеларка Ангела Меркел за пролонгирање на Брегзит.
Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека планира сегашната рекордно ниска основна каматна стапка да не ја менува до крајот на годината, во услови на неизвесни перспективи на економијата во Еврозоната.
Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) е подготвен да направи поголемо покачување на вредноста на капитацискиот бод во примарното здравство за да подобри функционирањето на матичните лекари, е заклучокот од денешната работна средба на директорот на Фондот, Ден Дончев со матичните лекарите од приватното здравство, како и со дел од фармацевтите од Виница.
Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека и понатаму е против одржување на втор референдум за Брегзит и оти нејзиниот став не е сменет, но очекува дека некои пратеници ќе се обидат да се заложат за нов референдум во текот на ратификувањето на договорот кој таа го постигна со ЕУ.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж беше предмет на софистицирана шпионска операција во амбасадата на Еквадор во која тој се наоѓа од 2012 година, соопшти денеска Викиликс.
Смртниот биланс од циклонот Идаи, кој минатиот месец ја погоди јужна Африка се искачи над 1000 лица.
Израелскиот претседател Реувен Ривлин следната недела ќе започне консултации со партиите што освоија пратеници во новиот состав на Кнесетот, за формирање нова влада на Израел, соопшти денеска Кабинетот на шефот на државата.
Силите на опозициската Либиска национална армија (ЛНА) на Калифа Хафтар се наоѓаат на околу 11 километри од центарот на Триполи, каде се забарикадирани со челични контејнери и камионети со митралези, јавуваат светските агенции.