Повеќе десетици пратеници од сите опозициски политички партии застапени во француското Национално собрание, потпишаа иницијатива што го отвора патот за организирање референдум во врска со приватизацијата на париските аеродроми.
Во Пацификот се пронајдени делови од јапонскиот воен авион Ф-35, кој вчера исчезна од радарите, додека по пилотот се уште се трага, соопшти јапонското Министерство за одбрана.
Претседателот на Украина, Петро Порошенко нарачал 2.104 билборди на кои е прикажан лице в лице со претседателот на Русија, Владимир Путин, со цел да го искористи ликот на рускиот лидер за свои политички цели.
Актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху е победник на парламентарните избори, со што си обезбеди петти мандат, јави израелската телевизија Канал 12.
Челниците на земјите членки на Европската унија на денешниот вонреден самит, на кој ќе присуствува и британската премиерка Тереза Меј, ќе соопштат дека во петок нема да има Брегзит, јавуваат светските агенции.
Неколку земји членки побарале унгарските власти да бидат формално сослушани во рамките на процедурата за суспендирање на правото на глас на оваа земја поради демократските нарушувања, јави дописничката на МИА од Брисел.
Тибетскиот духовен лидери Далај Лама е примен во болница во главниот град на Индија, Њу Делхи поради инфекција на белите дробови.
Средбите на британската премиерка Тереза Меј со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, а потоа со претседателот Емануел Макрон во Париз, помина подобро од претходните. Меј најверојатно успеа да добие на време со цел да избегне излез на Велика Британија од ЕУ без договор, јави дописникот на МИА.
Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди апелираше до земјите од Латинска Америка да ги „држат вратите отворени“ и да ги намалат ограничувањата за граѓаните на Венецуела, кои бараат засолниште.
Тој ги отфрли сугестиите дека има остварливи алтернативи на планот за финансиски непредвидени ситуации, кои треба да стапат во сила во текот на годината, како и да се побара од Европската Унија паричен придонес или заем од банка.