Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за „странска терористичка организација“, а неименувани американски функционери потврдија дека овој чекор без преседан со кој Белата куќа го зајакнува притисокот врз Техеран би можел да биде објавен уште денеска.
Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска во Милано ќе одржи прес-конференција на која ќе ги повика националистичките партии ширум Европа да му се придружат за формирање политичка група на следните избори за Европски Парламент.
Авион на компанијата „Катаи Драгон“, кој летал од Гаосјон за Хонг Конг, морал принудно да слета на аеродромот од кој полетал, откако се појавил „технички проблем“.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе одржат средба во Луксембург, на која главни теми на дневен ред се состојбата во Венецуела и тензиите во Либија, како и Авганистан и Украина.
Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен поднесе оставка на функцијата, објави синоќа на Твитер претседателот на САД, Доналд Трамп.
Најмалку 21 лице загина, а 27 се повредени во судирите во близина на Триполи, соопшти синоќа меѓународно признатата Влада на Либија.
Компанијата „Американ ерлајнс“ соопшти денеска дека и по 5 јуни ќе ја продолжи одлуката за откажување 90 летови дневно на авиони од типот „Боинг 737 Макс“, по две несреќи за пет месеци.
Во Судан денеска се случи целосен прекин на струјата, објавија властите на оваа африканска држава.
Партијата за правда и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе бара од Државната изборна комисија повторно пребројување на сите гласови во Истанбул, по локалните избори минатата недела.
Странските земји почнаа да го евакуираат персоналот од Либија поради влошување на состојбата во таа земја, каде што меѓународно признаената Влада на национално единство денеска објави дека започнува контранапад против силите на командантот Калиф Хафтар