Претседателот Грција, Прокопис Павлопулос упати порака до Турција дека неговата земја е застапник за мир и пријателство меѓу народите и цврст гарант на меѓународните и европските текови
Телохранител случајно испука од пиштолот во владиниот авион со кој патуваше чешкиот премиер Андреј Бабиш на вечера во ЕУ, но никој не е повреден, соопшти полицијата
Пожар избувна попладнево во Министерството за внатрешни работи на Франција, поради што се евакуирани вработените и присутните во дел од зградата
Соединетите Американски Држави сметаат дека е можно Русија да спроведе нуклеарни проби со низок интензитет и да го наруши мораториумот за таквите тестови, изјави денеска генерал полковник Роберт П.Ешли од американската воена разузнавачка служба
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави денеска дека во јуни ќе се обиде да го одблокира дијалогот меѓу Белград и Приштина
Американскиот специјален обвинител Робарт Малер, кој раководеше со истрагата за наводната руска вмешаност во изборите на САД во 2016 година и за сомнежите на заговор на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп со Русија, денеска ќе даде изјава за медиумите
Холандски суд денеска ја забрани мотоциклистичката група „Ангели на пеколот“ во Холандија, наведувајќи дека групата има досие за насилен криминал, вклучително и убиство на ривали, трговија со дрога и прекршоци поврзани со оружје
Турција продолжува да се оддалечува од Европската унија, се посочува во денеска објавениот извештај на Европската комисија за земјите во процесот на придружување, со оценка дека во Турција дошло до влошување на условите во судовите, затворите и економијата
САД им честитаат на граѓаните на ЕУ за успешно завршените избори за членови на Европскиот парламент, соопшти американскиот Стејт департмент
Иран категорично го отфрли обвинувањето на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, според кој, „речиси е сигурно“ дека зад нападите од 12 мај врз четирите танкери на нафта во близина на ОАЕ стои Техеран