Полицијата во Хонгконг денеска зазеде позиции на главната железничка станица на патот кон аеродромот, за да ги спречи антивладините демонстранти повторно да го загрозат воздушниот сообраќај, после насилните улични судири изминатата ноќ
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека нејзина инспекција го посетила Иран и заклучила дека не постојат „значителни оперативни препреки“ за укинување на четири децении старата забрана и на Иранките да им се дозволи следниот месец да го гледаат квалификацискиот натпревар за Светскиот шампионат
Еден маж синоќа намерно со автомобил удрил во влезот на Големата џамија во Колмар во Франција, а во инцидентот никој не е повреден освен возачот
Сенаторот од Пенсилванија Мајкл Фолмер е уапсен поради обвинувања дека поседувал материјал со детска порнографија, соопшти канцеларијата на државниот обвинител на Пенсилванија
Претседателот на Колумбија Иван Дуке го спореди венецуелскиот претседател Николас Мадуро со Слободан Милошевиќ, предупредувајќи го дека би направил „глупава грешка“ ако ја нападне неговата земја
Најмалку 22 лица загинаа, а 15 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случи во Пакистан, соопшти локалната полиција
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска најави дека Техеран ќе претстави план со кој во соработка со другите земји од регионот ќе се обезбеди сигурност во Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец
Како што предвидува Светскиот иновативен самит за образование до 2030 година, образовните системи во светот би можеле да претрпат значителни промени. Предвидено е училиштата да станат интерактивни средини каде што иновациите во технологијата и наставните програми фундаментално ќе ја трансформираат улогата на наставниците и ќе го променат начинот на учење
Едно лице загина, а три се повредени во несреќа со мал авион во близина на италијанскиот град Бергамо
Париската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат повторно да го оживеат движењето „жолти елеци“ со протест против економските мерки и против претседателот Емануел Макрон