Поранешната федерална обвинителка Лори Лајтфут е избрана за градоначалничка на Чикаго со што стана првата афроамериканка на оваа функција.
Новиот претседател на Казахстан Касим-Жомарт Токаев оцени дека преминувањето кон употреба на латиницата е една од клучните етапи во духовната модернизација на земјата.
Пилотите на авионот „Боинг 737 МАКС“, што се урна минатиот месец по полетувањето од Адис Абеба, се придржувале на упатството на „Боинг“ за постапување во итни случаи, но сепак не успеале да ја повратат контролата над леталото, објави „Волстрит Џурнал”.
Стапката на инфлација во Турција во текот на март достигна речиси 20 отсто, соопшти денеска Турскиот статистички институт (ТуркСтат), само три дена по локалните избори во земјата на кои владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган претрпе пораз во поголемите урбани и економски центри, вклучително и во Истанбул и Анкара.
Откако изби скандалот „Панама Пејперс“ во 2016 година, белгиските власти успеале да повратат 16 милиони евра скриени во офшор компании, но овој износ е помал од тоа што го очекуваше државата.
Британската премиерка Тереза Меј треба веднаш да поднесе оставка, изјави Андреј Бриџен пратеник од нејзината Конзервативна партија, кој се залага за таканаречениот „тврд“ Брегзит.
Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан изјави дека Пентагон очекува да биде разрешен спорот со Турција околу нејзината набавка на руските системи за противвоздушна одбрана С-400.
Партијата на правда и развој на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако првпат после 25 години загуби политичка контрола во Истанбул, побара пребројување на гласовите од локалните избори во Истанбул, а како причина за барањето наведе „неправилности“ и „погрешно пресметување“ во процесот кој владата го надгледуваше и со години строго го контролираше.
По Брегзит, британските граѓани ќе можат да престојуваат во Шенген зона 90 дена без виза, под услов Велика Британија да им го обезбеди истото и на европските граѓани на нејзина територија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Северноатлантскиот пакт (НАТО) утре прославува 70 години од своето основање, во услови кога е соочен со многу глобални предизвици, но и внатрешни тензии и несогласувања.