Кралот на Јордан Абдула Втори ја откажа посетата на Романија во знак на протест поради тоа што романската премиерка Виорика Данчила го поддржа признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.
Светските емисии на јаглерод диоксид (ЦО2) кои произлегуваат од енергенсите забележале раст во 2018 година, според извештај на Меѓународната организација на енергија.
Канада и даде азил на жената која му помогна на Едвард Сноуден да се скрие во Хонгконг, откако ја објави глобалната програма за американски надзор, соопшти здружението за права на бегалци.
И покрај повиците на американскиот претседател Доналд Трамп да му се забрани пристап на кинескиот гигант Хуавеј, Европската Комисија одлуката ќе им ја остави на земјите членки.
Бахреин, Кувајт и Турција ја осудија одлуката на САД да го признае суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина и апелираат за почитување на меѓународното право.
Палестинското претседателство ги осуди одлуките на американската администрација за Ерусалим и за Голанска Висорамнина, истакнувајќи дека таквите одлуки се спротивни на меѓународното право и на меѓународната легитимност.
Четири децении изминаа од потпишувањето на мировниот договор меѓу Египет и Израел и, иако резултатот е „студен мир“, врските меѓу двете соседни земји опстанаа во турбулентниот регион, оценуваат аналитичарите.
Вршителот должност министер за одбрана на САД Патрик Шенахан ги овласти Воените инженерски единици да почнат со планирање и изградба на околу 92 километри долгата ограда, висока 5,5 метри, долж границата со Мексико. Оградата ќе биде поставена во Јума, во сојузната држава Аризона и во Ел Пасо, Тексас.
Израел и палестинската исламска организација Хамас постигнаа договор за прекин на огнот со посредство на Египет.
Палестинските екстремисти од Појасот Газа во текот на ноќта повторно истрелаа ракети врз цели во јужниот дел на Израел.