Четири децении изминаа од потпишувањето на мировниот договор меѓу Египет и Израел и, иако резултатот е „студен мир“, врските меѓу двете соседни земји опстанаа во турбулентниот регион, оценуваат аналитичарите.
Египетскиот претседател Анвар Садат, кој тоа го плати со живот, и премиерот на Израел Менахем Бегин на 26 март 1979 година потпишаа мировен договор во Вашингтон во присуство на американскиот претседател Џими Картер.
Тоа е првиот договор за мир меѓу Израел и една арпаски земја и благодарејчи на тој документ, Египет веќе не учествуваше во ниту еден оружан судир со тој сосед.
Со договорот е ставен крај на воената состојба меѓу двет земји, која траеше од 1948 година, всушност од почетокот на војната со арапските соседи, кој изби по создавањето на Израел.
Четириесетгодишнината од мировниот договор доаѓа во време кога регионот е се уште под големо влијание на Арапската пролет 2011 година, кога беше симнат од власт долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак.
Египетските лидери секогаш го чуваа договорот
Тоа е доказ за стабилноста на договорот, оцени политичкиот аналитичар Амр ал Шобаки од Центарот Ахрам за политички и стратешки студии.
Во меѓувреме, судирите и натаму траат во неколку земји ширум арапскиот свет – од Либија на запад до Јемен на југ.
Четириесетгодишнината од договорот, исто така, се случува во време на големи промени на политиката на САД. Кон крајот на 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел, што предизвика бес во муслиманскиот свет. Во мај минатата година, амбасадата на САД е преселена од Тел Авив во Ерусалим, а во петокот Трамп најави признавање на суверенитетот на Израел над Голоанската висорамнина, освоена од Сирија во истата војна кога е освоен Појасот Газа, Западниот брег со источен Ерусалим и Синај, кој Израел му го врати на Египет согласно мировниот договор.
Египетските лидери еден по друг го чуваа договорот, дури и по бунтот во Египет во 2013 година кога војската го смени од власт првиот демократски избран претседател Мохамед Морси.
Египетската војска на Синај
– Во сите случаи мировниот договор остана во сила, изјави Шобаки.
Нестабилноста од 2011 година предизвика немири, посебно во регионот на северен Синај долж границата на Појасот Газа и Израел, каде локалните сојузници на групата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ) креваат бунт.
Политичкиот коментатор Абдел-Азиз Хамад истакнува дека врз основа на зајакната безбедносна соработка со израел, дозволено е присуство на египетската војска на Синај за да се бори со бунтовниците.
Мировниот договор меѓу двете земји сепак дозволува само ограничено распоредување на египетските сили на тој полуостров без согласност на Израел.
Претседателот на Египет Абдул Фатах ал Сиси ја потврди таа зајакната соработка. Тој за американската ТВ мрежа Си-Би-Ес рече: Ние имаме широка соработка со Израелците.
Египет и Израел, исто така, развија силни односи и во 2018 година беше потпишан договор во вредност од 15 милијарди долази за извоз на израелски гас.
Економска соработка
Во јануари, израелскиот министер за енергија Јувал Стајнц го посети Каиро и учествуваше на Форумот за источен Медитеран.
Врз основа на мировниот договор со израел, Египет прими повеќе од 40 милијарди во облик на воена помош и близу 30 милијарди долари економска помош од САД од 1980 година. Помошта е делумно суспендирана од 2013 до 2015 година, по отфрлањето од власт на Морси, но набрзо беше обновена.
– За САД, египетската војска е стабилизирачки елемент во регионот полн со тензии, оцени аналитичарот Шобаки.