Израелските сили убија двајца и ранија 55 Палестинци за време на денешните протести долж границата меѓу Појасот Газа и Израел, соопшти палестинското Министерство за здравство
Белата куќа денеска соопшти дека Исламска држава во Сирија е поразена и оти нема повеќе територии под контрола на екстремисти
Во Мозамбик, кој неодамна беше погоден од разорен циклон, регистрирани се случаи на колера, најмногу во пристанишниот град Беира, соопшти Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа не смее да остане заложник на процесот за Брегзит кој е во тек
Заедничката меѓупланетарна мисија на Венера, на САД и Русија може да започне најрано 2027 година, дури и ако проектот наскоро почне да се финансира, изјави раководителката на истражувачкиот тим во рускиот Институт за вселенски истражувања Људмила Засова
Најпопуларните јадења во класичен ресторан, односно 94 отсто од нив, ги надминуваат препорачаните 600 калории, посочува ново истражување на Медицинскиот факултет во Сао Пауло, Бразил. За угостителските објекти за брза храна пак, тој број изнесува 72 отсто
Францускиот генерал Бруно Лере, денеска изјави дека припадниците на Армијата на Франција, кои утре ќе ги обезбедуваат јавните згради за време на 19-та сабота по ред на протести на „жолтите елеци“, ќе имаат право да отворат оган врз демонстрантите, доколку бидат загрозени нивните или животите на лицата кои ги штитат
Две градинки и 11 училишта во Москва денеска примиле анонимни дојави за бомби, а во исто време биле евакуирани и две илјади лица од зградата на бизнис центарот „Станиславски“ откако анонимно лице телефонски предупредило дека во објектот исто така има бомба
Во пресрет на Самитот ЕУ-Кина, што ќе се одржи на 9 април, лидерите на земјите членки на Унијата денеска разговараа за новата стратегија кон азискиот гигант и бара порамноправни економски односи
Петицијата која ја повикува британската Влада да го повлече Членот 50 со кој се регулира напуштањето на Британија на Европската унија, денеска ја потпишаа три милиони луѓе