Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел и претставник на ЕУ, на 26 март во Париз, со цел да разговараат за мултилатералните односи меѓу Европа и Кина, изјави синоќа претставник од француското претседателство.
Мисијата на НАТО во Авганистан соопшти дека во текот на операцијата загинале двајца американски војници.
Под мотото „Да не оставиме никого зад себе – Вода за сите“ денеска се одбележува Светскиот ден на водата.
Според најновите извештаи на ОН и на владите на африканските земји, циклонот „Идаи“ однесе преку 550 животи во Јужна Африка.
Ирачките власти соопштија дека најмалку 83 луѓе загинале при вчерашното потонување на претоварен траект во реката Тигар во близина на Мосул.
По седум часа преговори, земјите членки на ЕУ го прифатија барањето на Обединетото Кралство за одлагање на Брегзит и на Британците им даде две опции до крајот на мај, јави дописничката на МИА од Брисел.
Околу 50.000 луѓе денеска протестираа против мафијата во Падова, на денот на сеќавање на жртвите на организираниот криминал во јужниот дел на Италија.
Властите наведуваат дека цената на запленетата дрога на нарко пазарот изнесува околу 38 милиони долари.
Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон побара од властите на Венецуела веднаш да го ослободат шефот на кабинетот на лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо