Мисијата на НАТО во Авганистан соопшти дека во текот на операцијата загинале двајца американски војници.

Во соопштението не е наведено за каква операција се работи, ниту со кого војниците се судриле.

Во Авганистан во моментов има околу 14.000 американски војници, кои даваат поддршка на авганистанските сили во борбата против талибанците.

Според американски медиуми, талибанците во моментов имаат контрола врз речиси половина Авганистан и се поврзани со терористичка група Исламската држава, која го зголеми своето присуство во таа земја откако нивниот самопрогласен калифат се распадна во Сирија и во Ирак.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2019 09:18