Функцијата в.д. претседател на Казахстан, по неочекуваната оставка на Нурсултан Назарбаев, денеска ја презеде поранешниот премиер Касим-Јомарт Токаев.
Повикувајќи се на пресумцијата на невиност, папата Франциско не ја прифати оставката на францускиот кардинал Филип Барбарин, кој е осуден на шест месеци условна казна поради прикривање сексуално злоставување извршено од друг свештеник.
Њујоршката полиција го уапси Џејми Монтемарано (43) поради пишување графити во чест на американскиот претседател Доналд Трамп на главната железничка станица во Бруклин.
Израелската министерка за правда Ајелет Шакед се појави на видео снимка во која провокативно рекламира парфем наречен „Фашизам“ во рамки на кампањата за претстојните избори. Министерката е член на ултрадесничарската партија Нова десница.
Италијанските власти наредија запленување на бродот Маре Џонио со 49 мигранти, кој вчера пристигна на пристаништето на островот Лампедуза.
Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).
Американскиот државен секретар Мајк Помпео замина на Блискиот Исток на повеќедневна турнеја и билетарални средби со високи официјални лица на Кувајт, Израел и Либан.
Франција е подготвена да стави вето на барањето на Велика Британија за одложување на Брегзит доколку Лондон не понуди никаков алтернативен план или, пак, со тоа се загрозуваат институциите на ЕУ, соопшти кабинетот на претседателот Емануел Макрон.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе отпатува за Брисел каде ќе присуствува на состанокот на Европската народна партија (ЕПП), на кој ќе се расправа дали неговата партија Фидес ќе биде исклучена или суспендирана од тој главен сојуз на десничарските партии во Европскиот парламент.
Патнички авион се запали при слетување на аеродромот Мехрабад во Техеран, а сите сто патници се евакуирани и никој не е повреден, соопшти директорот на иранската агенција за вонредни ситуации Пир-Хосеин Коливанд.