Најмалку 350 лица загинаа, стотици се водат како исчезнати, а илјадници се загрозени поради поплавите во Мозамбик, Зимбабве и Малави предизвикани од налетот на циклонот „Идаи“.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека е малку веројатно оти би можело да биде изнајдено решение за Брегзит за време на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи утре и в петок во Брисел.
Италијанскиот политичар Масимилиано Федрига, член на „Северна лига“, партијата која се противи на задолжителната имунизација, доби сипаници поради што мораше да мине четири дена во болница.
Турција посредуваше во извозот на нафта од териториите што беа под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД), со што таа практично стана сојузник на џихадистите, изјави чешкиот претседател Милош Земан.
Функцијата в.д. претседател на Казахстан, по неочекуваната оставка на Нурсултан Назарбаев, денеска ја презеде поранешниот премиер Касим-Јомарт Токаев.
Повикувајќи се на пресумцијата на невиност, папата Франциско не ја прифати оставката на францускиот кардинал Филип Барбарин, кој е осуден на шест месеци условна казна поради прикривање сексуално злоставување извршено од друг свештеник.
Њујоршката полиција го уапси Џејми Монтемарано (43) поради пишување графити во чест на американскиот претседател Доналд Трамп на главната железничка станица во Бруклин.
Израелската министерка за правда Ајелет Шакед се појави на видео снимка во која провокативно рекламира парфем наречен „Фашизам“ во рамки на кампањата за претстојните избори. Министерката е член на ултрадесничарската партија Нова десница.
Италијанските власти наредија запленување на бродот Маре Џонио со 49 мигранти, кој вчера пристигна на пристаништето на островот Лампедуза.
Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).