Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека иранската Влада ќе почне законска постапка во Иран против американските претставници, кои воведоа санкции за неговата земја како вовед во покренување на тужба пред меѓународните судови.
Британската премиерка Тереза Меј наредниве денови ќе се обиде по трет пат да ги убеди пратениците во Долниот дом на Парламентот во Вестминстер да го одобрат Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го договори со Брисел лани во ноември.
Сирија ќе бара компензации од Западот за нанесените штети како резултат од военото мешање на западните сили, објави сириското Министерство за надворешни работи.
Владини експерти од 25 земји учествуваат на собир на ОН во Женева, посветена на спречување на трката во вооружување во светот.
Портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави денеска дека оружениот напад во трамвај во градот Утрехт можеби имал терористички мотив.
Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави денеска дека е пожелно на Велика Британија да и се даде повеќе време за постигнување договор за излегувањето на таа земја од Европската унија.
Пред пет години, Русија со употреба на сила против Украина, нелегално и нелегитимно го анектираше Крим, се вели во денешното соопштение на НАТО. Во него се потенцира дека Алијансата не го признава тој чин и ја повика Русија да и ја врати на Украина контролата над Крим.
Неколку лица се повредени откако непознато лице отворило оган врз патници во трамвај во холандскиот град Утрехт.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во Рим ќе се сретне со американскиот специјален пратеник за Венецуела, Елиот Ејбрамс, на разговори посветени на случувањата во оваа јужноамериканска земја, објави московскиот весник „Независимаја газета“.
Началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Џозеф Данфорд ги негираше информациите што ги објавија некои медиуми дека Пентагон планира да задржи околу 1.000 свои војници во Сирија и покрај објавата на претседателот Доналд Трамп за целосно повлекување на американските сили од земјата.