Францускиот претседател Емануел Макрон разгледува забрана на демонстрации на Елисејските полиња, информира неименуван официјален претставник на Елисејската палата.
Синдикалните организации на француските царински служби продолжуваат со нивниот штрајк „со строги контроли“ и бараат повеќе човечки и финансиски ресурси во пресрет на Брегзит, јави дописникот на МИА.
Некогаш најголемото солено езеро на Блискиот Исток, Урмиа во Иран полека, но сигурно исчезнува.
Министрите за внатрешни работи Кристоф Кастанер и за економија Бруно Ле Мер ќе бидат сослушани од страна на Комисиите за закони и за економски прашања на Горниот дом на францускиот Парламент – Сенатот, за да дадат објаснувања околу „сериозното“ насилство што ги наруши саботните протести на „жолтите елеци“ во Париз, јави дописникот на МИА.
Процентот на Британци, според кои треба да има втор референдум за Брегзит е еднаков на процентот граѓани на Велика Британија кои веруваат дека земјата треба да ја напушти Европската унија без договор, покажуваат податоците од анкетата објавена во „Гардијан“.
Судот во Крајстчрч обвини 18-годишно момче поради реемитување на снимката која ја емитуваше во живот напаѓачот на две џамиии во тој град, при што уби 50 лица.
Новозеландскиот полициски комесар Мајк Буш изјави денеска дека напаѓачот на двете џамии во Крајстчрч, во кои беа убиени 50 луѓе, работел сам, но можеби имал и поддршка.
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени во стампедо кое се случило синоќа во дискотека во хотелот „Гринвејл“ во северноирскиот град Кукстаун.
При археолошки ископувања во Египет откриени се мумии кои датираат од 323 година п.н.е., но една од нив посебно го привлекува вниманието на светската јавност, оти наликува на вонземјанин, пренесува порталот „Њусинстакт“.
Кинеските власти соопштија дека од 2014 година, во традиционално исламскиот регион Синџијанг, биле уапсени речиси 13.000 терористи и разбиени стотици „терористички банди”.