Потсекретарот за одбрана на САД задолжен за политички прашање Џон Руд на средби во Варшава со првите луѓе на полската одбрана, разговарал за отворање на американска воена база во Полска, јави дописникот на МИА од Вашингтон
Шведската активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг е номинирана за Нобелова награда за мир, благодарејќи на нејзините активности во борбата против климатските промени
Спасувачките служби во Лагос ја запреа потрагата по преживеани во зградата која се урна вчера, при што загинаа најмалку девет лица
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска се извини поради неговата изјава дека италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини „направил и некои позитивни работи“
Жителите на едно мало шпанско село добиваат коверти со пари во поштенските сандачиња или под вратите, а не знаат од кого се. Локалните весници веќе го нарекуваат „Робин Худ“
Индискиот конгломерат „Рилајнс индустрис“ (Reliance Industries), во чија сопственост е најголемата рафинерија во светот, соопшти дека прекинува да купува нафта од Венецуела под притисок на САД и меѓународните санкции.
Идното присуство на силите на НАТО во Авганистан ќе зависи од резултатите од преговорите што се водат меѓу САД и талибанците, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини изјави денеска дека Брисел очекува „значителни ветувања“ за донации на Сирија.
Словачкиот бизнисмен Мариан Кочнер е обвинет за поврзаност со убиствата на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова, потврди полицијата.
Враќањето на децата на француските џихадисти, затворени во Сирија, и што е побарано и преку судска постапка од некои роднини и адвокати, „за сега не се предвидува“, изјави државниот секретар за внатрешни прашања Лоран Нуњез, јави дописникот на МИА од Париз.