Словачкиот бизнисмен Мариан Кочнер е обвинет за поврзаност со убиствата на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова, потврди полицијата.

Куцијак, кој пишуваше за политичката корупција во Словачка, пронајден е мртов заедно со Кушнирова во нивниот дом во близина на Братислава во февруари минатата година.

Куцијак ја истражуваше и наводната поврзаност на словачките политичари со италијанската мафија, посебно со шефот на Ндрангета.

Убиството на Куцијак и неговата свршеница предизвика сериозна политичка криза што доведе до смена на Владата на премиерот Роберт Фицо.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 14:41