Кина се соочува со најголема стапка на дијабетес во светот, каде околу 11 отсто од населението во земјата страда од метаболични заболувања, покажуваат резултатите од едно американско-кинеско истражување од 2017 година.
Најмалку девет лица загинаа денеска, кога се урна зграда во Лагос, но стручните служби предупредуваат дека таа бројка е далеку од конечна и се очекува смртниот биланс да се зголемува. Овие девет случаи се потврдени откако нивните тела се извлечени од под урнатините.
Европскиот парламент денеска одобри подобрувањето на визниот информациски систем (ВИС), кој треба да обезбеди подобар одговор на ЕУ за предизвиците во безбедноста и миграцијата, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Пилотот на „Етиопиан ерлајнс“ имаше потешкотии со управувањето со авионот непосредно пред да се урне авионот Боинг 737 Макс 8 и побара да се врати во базата, изјави извршниот директор на авио-компанијата Теволде ГебреМариам.
Европската комисија се огласи за наводите на невладината организација Амнести Интернешанл (АИ) за наводно насилство на хрватската полиција врз мигрантите и бегалците, кои влегуваат на територија на Хрватска и очекува одговори за ова од властите во Загреб.
Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, како и што е предвидено, на 29 март, откако Лондон и Брисел ќе постигнат договор во „пет до 12“, изјави денеска поранешниот шеф на британската дипломатија и еден од најтврдокорните поддржувачи на Брегзит, Борис Џонсон.
Се стравува дека десетици деца се мртви откако денесе се урна трикатна зграда во нигерискиот град Лагос, во која имало и училиште.
Еден од лидерите на Хамас, Хусам Бедран изјави дека „окупираниот Западен Брег е блиску до директна конфронтација со Израел“, јави агенцијата Анадолија.
Анкара преговара со САД и Русија за можна офанзива на турската Армија во регионот на североисточна Сирија, кој сега е под контрола на силите на сириските Курди, соопшти Министерството за одбрана на Турција.
Една четвртина од сите предвремени смртни случаи и болести ширум светот се должат на загадувањето и уништувањето на животната средина, објавија Обединетите нации во денеска објавениот извештај