Велика Британија ја потроши својата последна шанса со отфрлањето на Договорот за истапување од Европската Унија од страна на Долниот дом на британскиот Парламент по втор пат и нема да има нови преговори до 29 март изјави европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси за француската телевизија Франс 2.
За првпат 11 години Јапонија одлучи да не поднесува во ОН заедничка резолуција, за осуда на кршењето човекови права во Северна Кореја, имајќи ги предвид американските напори за запирање на севернокорејската нуклеарна програма и други фактори.
На референдумот на 23 јуни 2016 година, Британците одлучуваат да ја напуштат ЕУ по 46 години членство со поддршка од 52 отсто, додека 48 отсто се противат на напуштањето.
САД преговараат со други земји за назначување држава заштитник на зградата на американската Амбасада во главниот град на Венецуела, откако е повлечен целиот персонал поради влошувањето на ситуацијата во земјата.
Најџел Фараж, еден од најголемите заговорници за Брегзит, изрази уверување дека излезот на Британија на Европската унија може да биде одложен за една година.
Велика Британија се доближува до излез од Европската унија без договор, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, истакнувајќи дека двете страни сега треба да се фокусираат на дефинирање на идните односи по Брегзит.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави победа синоќа во „електричната војна” предизвикана спроед него, од Пентагон. Тој додаде дека формирал „претседателска истражна комисија” за да побара помош од Русија, Кина и Иран.
Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија низ Венецуела, роднини на претседателот на Венецуела Николас Мадуро се обидоа да ја напуштат земјата.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека „длабоко жали“ поради одлуката на Долниот дом на Парламентот во Лондон вторпат да го отфрли Договорот за Брегзит.
– Ако има основано барање од Велика Британија за одлагање на Брегзит, 27-те држави членки на ЕУ ќе бидат подготвени да го разгледаат и да донесат едногласна одлука, изјави портпаролот.