Повеќе од 500 килограми кокаин, сокриен во ананас и декоративни фигури, се пронајдени на два гранични во американската сојузна држава Џорџија, соопштија денеска федералните власти.
Турција денеска повторно ја критикуваше Кина за начинот на кој го третира своето муслиманско малцинство и ја повика да прави разлика меѓу „терористи и обични луѓе“.
Јелисавета Пескова, ќерката на Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, работи како стажантка во Европскиот Парламент, дознава Радио Слободна Европа во Брисел.
Европската Унија бара да се најде начин да се „избегне воена интервенција“ во Венецуела, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпаролката за надворешна политика на ЕУ.
По препораката на Светската здравствена организација (СЗО) издадена во октомври 2018 година, Белгија конечно им стави крај на тестовите и уверенијата за невиност на жените.
Во 2018 година во Турција биле убиени 440 жени, покажуваат податоците на невладина турска организација.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси денеска ги предупреди европските земји „да не му држат предавање за арапскиот свет“, бранејќи ја нашироко критикуваната ситуација со човековите права во неговата земја.
Генералниот директор на ОН Антонио Гутереш денеска ги повика САД и Русија да го сочуваат Договорот за уништување на нуклеарното оружје со среден и краток дострел (ИНФ).
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека „за неколку месеци“ ќе го посети Ирак, каде што Франција „ќе остане” воено ангажирана, јави дописникот на МИА.
Температурата во западниот дел на Велика Британија, во Травсгод во Велс, денеска достигна 20,3 степени Целзиусови, што е нов рекорд за месец февруари, соопшти британската метеоролшка агенција.